„Ти ѕвонам на телефонскиот број, дали некој ќе крене“: Ким Кардашијан емотивна за роденденот на починатиот татко
- Детали
- вторник, 23 февруари 2021
„Го вртев твојот телефонски број и се прашував дали некој ќе крене после сите овие години. Всушност, не можам да верувам дека го паметам уште. Те молам посети ме во соништата наскоро“, напиша Ким по повод роденденот на својот починат татко.
Ким Кардашијан обично не сака да покажува слабост. Без разлика низ какви тешки периоди минува, како што е сега разводот со Канје Вест по 7 години брак, таа останува присебна и на социјалните мрежи се однесува како ништо да не се случило.
Ким веќе не носи прстен
Но, овојпат на денот на роденденот на нејзиниот починат татко ја покажа својата емотивна страна и покажа колку всушност тој ѝ недостига.
Вчера (22.02) за нејзиниот татко, адвокатот и бизнисмен Роберт Кардашијан, кој почина во 2003, таа напиша:
„Среќен роденден тато! Го славам секој ден, но денес уште повеќе. Толку многу имам да ти кажам. Ѕвонев на твојот телефонски број и се прашував дали некој ќе крене после сите овие години.
Всушност, не можам да верувам дека го паметам уште. Те молам посети ме во соништата наскоро.“
Повеќе фотографии од таткото на Ким:
Од „кланот“ Кардашијан-Џенер има уште две сестри (Кајли и Кендал Џенер), но на нив татко им е Брус, кој стана жена и се вика Кејтлин Џенер - Кајли се шета со тато Кејтлин Џенер, кој сега повеќе наликува на мајка (фото)
С. С. | Црнобело