Ријана позира топлес по провокативната фотосесија за Денот на вљубените (фото)
- Детали
- вторник, 16 февруари 2021
После жешката фотосесија за нејзината колекција инспирирана од Денот на вљубените, Ријана повторно ги изненди фановите, овојпат со топлес фотка на Инстаграм.
На својот Инстаграм профил Ријана објави топлес фотографија, на која ги крие градите со раката. Пејачката носи само шорцeви од нејзиниот бренд Savage x Fenty, како и огромни обетки, ѓердан, прстен и нараквица.
Претходно, 32-годишната пејачка објави и неколку провокативни фотки и видео од нејзината колекција инспирирана од Денот на вљубените.
На фотките и видеото, таа носи црвена долна облека, комбинирана со секси високи чорапи и ракавици од латекс.
Ријана направи долга пауза од музиката за да се фокусира на нејзиниот бренд, но сега се појавија гласини дека работи на нејзиниот 9-ти догоочекуван музички албум.
Инаку, моментално пејачката е во врска со A$AP Rocky, со кого се познава одамна, но ја почнаа врската кон крајот на минатата година. Пред некој месец тие заедно го посетија и Барбадос, родното место на Ријана, а според изворите, парот се обидува да се држи понастрана од окото на јавноста, но и двајцата се посреќни од кога било.
Прочитајте и Ријана одлично се забавува со дечкото на одмор на Барбадос (фото)
Спирова С. | Црнобело