Лурдес, ќерката на Мадона, разменува нежности со момчето на плажа во минијатурни танга бикини (фото)
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2021
24-годишната ќерка на Мадона разменува нежности со момчето на плажа во Мексико, а повторно го покажа неверојатното тело, во минијатурни танга бикини.
Лурдес Леон уживаше на плажа во Тулум, Мексико, со нејзиното момче, а гордо го покажа телото во минијатурни бикини со танга.
24-годишната ќерка на Мадона носеше портокалови бикини со леопардски принт, а нејзиното момче, Џонатан, не можеше да ги тргне рацете од неа.
Лурдес пристигна на плажата со многу кратко фустанче со принт, портокалови очила за сонце и влечки.
Според извори блиски до Лурдес, нејзината мајка Мадона настојувала да им се меша во врската, но најмногу бидејќи се надевала дека ќе го направат следниот чекор.
„Постојано ѝ се јавува и ги прашува како се. Сака да знае дали планираат брак“.
Хемијата помеѓу Лурдес и Џонатан е повеќе од очигледна и тие се заедно речиси четири години. Останува да видиме дали наскоро ќе ѝ ја исполнат желбата на Мадона и ќе го направат следниот чекор.
Лурдес и момчето во Мексико на плажа:
Спирова С. | Црнобело