Џеј Ло се враќа на вежбање, по одморот на кој во бикини покажа дека и таа мака мачи со целулитот
- Детали
- четврток, 14 јануари 2021
Очигледно, фитнесот е најголемата страст на Џеј Ло – кратко по одморот во Туркс и Кајкос, таа веднаш се врати на вежбање.
51-годишната Џенифер Лопез веднаш почна со вежбање откако се врати од одмор, а папараците ја „уловија“ пред нејзиниот омилен фитнес-центар. Пејачката ноеше црни хеланки и краток блузон со маслинеста боја што ги истакнува нејзините стомачни.
Интересен детаљ од нејзината комбинација се имињата на нејзините близнаци, Еме и Макс, кои напишани на хеланките.
Иако пејачката е страстен фитнес фан, на одморот покажа дека како скоро секоја жена, и таа си има проблеми со целулитот. Сепак, Џеј Ло покажува дека и на 51 може да изгледа одлично, дури и кога на себе нема ни грам шминка, иако многумина не се сложуваат со тоа и го критикуваат нејзиниот изглед.
Спирова С. | Црнобело