Џенифер Анистон е мета на критики на твитерџиите: „Изгледа очекува уште една пандемија“
- Детали
- вторник, 29 декември 2020
Џенифер Анистон сподели фотка од лампион на нејзината елка, на кој стои натпис „Нашата прва пандемија - 2020“, но повеќето фанови не беа воопшто воодушевени од овој гест и ја нарекоа актерката бесчувствителна.
Џенифер Анистон гордо се пофали со лампион од нејзината елка, но веројатно не ја доби очекуваната реакција.
На нејзиниот Инстаграм профил, актерката сподели Стори на кое се гледа дрвен лампион на кој пишува „Нашата прва пандемија – 2020“.
Твитерџиите веднаш реагираа бурно, осудувајќи го овој потег на актерката како бесчувствителен.
„Само затоа што сакате некоја славна личност, не значи дека таа не треба да преземе одговорност. Се извинувам, но многу е нечувствително да ставите лампион со натпис ’пандемија 2020‘. Многу невини животи беа изгубени поради оваа пандемија. Нема да го прославуваме ова“, напишал еден од корисниците.
„Која е причината??? Покрај тоа, се однесува како да ќе имаме уште една? ’Нашата прва‘, подобро да ни биде последна“.
what was the reason??? plus she acting like we gonna have another one? “our first” miss girl it better be our LAST pic.twitter.com/68zD7lGJfX
— timmy (@StarzPeach) December 26, 2020
„Џенифер, те молам“.
https://twitter.com/amaaliio/status/1342687252133146626
Додека многумина имаат само жестоки критики за лампионот на Анистон, некои фанови застанаа на нејзина страна, нагласувајќи дека актерката направи многу корисни работи за време на пандемијата.
„Џенифер Анистон постојано е осудувана од медиумите и сега добива критики и за лампион. Луѓе, ајде да се справиме со вистинскиот проблем. Таа ја помина цела година кажувајќи им на луѓето да носат маски и сите би го знаеле тоа ако сте ѝ обрнале внимание“, напишал еден корисник.
„За луѓето кои мислат дека таа ја слави пандемијата, сте ги виделе ли овие?“, напиша еден корисник споделувајќи неколку скриншотови од објави на актерката поврзани со пандемија.
На едната објава актерката ја нагласува важноста од носењето маски, на втората се обидува да покаже колку е сериозен вирусот, а третата објава е Инстаграм Стори со линкови до мали бизниси на кои актерката се обидела да им помогне.
the people who thinks shes celebrating covid. have yall seen these #JenniferAniston pic.twitter.com/yeHmmoa16r
— L🙈 (@dreamyanistonn) December 28, 2020
„Критики до Џенифер Анистон за новогодишен лампион… Никогаш не сте слушнале за користење хумор како одбранбен механизам?“.
https://twitter.com/wurmplepartyhat/status/1343248051507494915
Што мислите вие, дали актерката претерала со лампионот, или сосема нормално е што се обидела да најде утеха со шега во овие тешки мигови?
Спирова С. | Црнобело