Џорџина во секси фустан, Роналдо во усогласен аутфит со синот – Парот заблеска на доделување фудбалски награди во Дубаи (фото)
- Детали
- понеделник, 28 декември 2020
Џорџина мамеше погледи во фустан со шлиц и деколте, а фудбалерот беше облечен во ист аутфит со синот Кристијано - на доделувањето на Фудбалските награди во Дубаи беше прогласен за најдобар фудбалер од 2001 до 2020 година.
Викендов се одржа доделувањето на Фудбалските награди во Дубаи, на кое присуствуваа Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез, а и двајцата изгледаа одлично.
На доделувањето кое се одржа во хотелот Armani во Дубаи, фудбалската ѕвезда се појави со сиво одело, исто како и неговиот најстар син, а Џорџина изгледаше неверојатно со долгиот црвен фустан со светки и огромен шлиц.
26-годишниот модел носеше и сребрено ланче, а комбинацијата ја дополнила со црвени сандали.
На церемонијата Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобриот фудбалер од 2001 до 2020, а се пофали за наградата Instagram.
Познатиот фудбалер сподели неколку фотографии со статуетка, а на едната се гледа и неговиот син.
„Не можам да бидам посреќен за вечерашната награда. Додека се подготвувам да ја прославам 20-тата годишнина како професионален фудбалер, оваа награда е признание што го добивам со многу радост и гордост“, стои во описот на фотографијата со статуетката.
„Ви благодарам за љубовта и поддршката“, напишал фудбалерот на фотографијата со Џорџина и синот.
Спирова С. | Црнобело