Копија на тато: Рики Мартин сподели ретка фотка од синот + најави дека планира уште деца

Рики Мартин и сопругот Џуан имаат четири деца, а неодамна пејачот сподели ретка фотографија од најмалото - синчето Рен - кое премногу личи на него.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-01.jpg

Откако првпат стана татко во 2008 година, Рики Мартин навистина целосно му се посвети на семејството. Иако ретко, пејачот понекогаш знае да сподели фотографија од неговите деца.

Деновиве Рики Мартин сподели ретка фотографија од неговото најмало синче, Рен, а фановите прво забележаа колку личи на него.

View this post on Instagram

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

48-годишниот пејач има споделено и други фотографии со децата на кои е и Рен, но првпат објавува фотографија само од него.

Рики Мартин и неговиот сопруг имаат четири деца, а Рен го добија во октомври минатата година.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-03.jpg

Пејачот сподели со јавноста дека очекуваат четврто дете додека ја прифаќаше наградата National Visibility Award. Тогаш тој изјави дека со сопругот сакаат големо семејство.

Рики Мартин и сопругот Јосеф се венчаа во јануари 2018-та. Тој период Рики Мартин веќе ги имаше близнаците Матео и Валентино, кои денес имаат 12 години.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-05.jpg

Неодамна, пејачот сподели и како изгледа да се биде родител на деца кои се скоро тинејџери:

„Предадолесценцијата е овде и нештата стануваат интересни. Покрај тоа, се соочуваме и со карантин и постојано слушам: ’Тргни се! Ова е моја соба, не твоја!' Но тие се прекрасни деца. Им оди одлично на училиште и имаат убава сестричка и убаво братче кои сакаат да ги заштитат. Тоа е многу убаво. Многу сум горд на нив и многу сум среќен што го имам ова семејство“.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-07.jpg

Пејачот сподели и дека иако Матео и Валентино се постари, нивната сестра Лусија е „главна“:

„Тоа не е нивна куќа, туку куќа на Лусија. Таа е главна. Во очите ѝ се познава кога не ѝ се допаѓа нешто, а има само две години“.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-06.jpg

Рики Мартин изјави дека можно е да има и други деца после Рен.

„Некои мислат дека сум луд, но јас сакам големо семејство и имам неколку ембриони што ме чекаат. Не знам. Џуан ќе полуди, но не му кажувам“, изјави пејачот на шега.

kopija-na-tato-riki-martin-spodeli-retka-fotografija-od-najmaliot-sin-i-planira-da-ima-ushte-deca-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg