Џеј Ло, близнаците и свршеникот шетаат во тренерки во Њујорк, по контроверзијата со приватниот џет (фото)
- Детали
- среда, 25 ноември 2020
„Доста се фалиш дека си богат“... Како Алекс Родригез и Џеј Ло предизвикаа револт кај фановите?
И додека во САД постојано се испраќаат апели да не се патува и да се избегнуваат големи собири за Денот на благодарноста, Алекс Родригез се пофали на Инстаграм како патува со својата свршеница Џенифер Лопез.
45-годишниот поранешен бејзбол играч во описот на фотографијата од нивниот приватен луксузен џет, каде беше и нивниот миленик, дури ги праша фановите кои се нивните планови за празникот и откри дека тие се возбудени што одат во Њујорк за да минат време со фамилијата.
Дел од лутите коментарите беа: „Луѓе ги изгубија своите работи, може да престанеш да постираш фотографии од твојот приватен џет. Сфаќаме... Богат си.“, „Кажаа дека не треба да се патува. Зарем не се грижите за другите?“ итн.
По низата критики за патувањето во Њујорк за Денот на благодарноста Алекс и Џеј Ло, заедно со нејзините близнаци Макс и Еме, беа фотографирани на оваа дестинација.
Четворицата беа спортски облечени и носеа маски на лицето.
Фотката што ги налути фановите:
https://www.instagram.com/p/CH9D5tanYZ3/
Џеј Ло и Алекс во Њујорк:
С. С. | Црнобело