„Ти благодарам што се појави во нашите животи“ – Ќерката на Кристијано Роналдо наполни 3 години + Џорџина вежба јога на јахта (фото)
- Детали
- петок, 13 ноември 2020
Џорџина Родригез сподели слатки фотографии од ќеркичката Алана по повод 3-иот роденден, но покажа и како изгледа нејзиниот јога час на јахта.
Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез го прославија третиот роденден на нивната ќеркичка Алана, а не изостанаа и честитките на социјалните мрежи.
Џорџина прво сподели стара фотографија од Роналдо и Алана, на која фудбалерот ја храни со шише.
Потоа, 26-годишната Џорџина сподели уште една постара фотографија од пред три години, овојпат од неа и Алана.
Кристијано Роналдо, пак, сподели понова фотографија на која Алана има широка насмевка:
„Ти благодарам што се појави во нашите животи и ги направи посветли со твојата насмевка. Среќен роденден моја принцезо. Тато те сака!“, стои во описот на фотографијата.
Покрај Алана, фудбалерот има уште три деца – близнаците Ева и Матео кои беа родени со сурогат мајка, како и 10-годишниот Кристијано Роналдо Јуниор. Јавноста сè уште не знае која е мајката на најстарото синче.
Пред роденденските честитки, Џорџина Родригез сподели неколку фотографии од нејзиниот јога тренинг на јахта и повторно ги воодушеви фановите со својата фигура.
Таа носи сини хеланки и сина маичка, а на фотографиите прави неколку различни јога пози на нејзината јахта.
Спирова С. | Црнобело