Леонардо ди Каприо не се срами од вишокот килограми – со „пуштен“ стомак ужива на плажа со татко му (фото)
- Детали
- вторник, 10 ноември 2020
Иако актерот вообичаено не изгледа како да има вишок килограми, сепак на плажа го откри „пивското стомаче“, но очигледно гордо си го „носи“ додека ужива во топлите денови со татко му и неколку пријатели.
Леонардо ги искористи раните ноемвриски денови за неговата омилена активност - пливањето, заедно со неколку пријатели и неговиот татко. Овојпат, покрај него не беше забележана неговата 23-годишна девојка.
Леонардо ди Каприо беше забележан во Малибу, Калифорнија, со неговиот добар пријател Емил Хирш. Актерот отсекогаш изгледал одлично, но се чини карантинот влијаел и врз него, па како повеќето овој период, и тој пуштил стомаче.
Подоцна, на 45-годишниот актер и Емил им се придружиле уште неколку пријатели, како и таткото на Леонардо – Џорџ ди Каприо.
Според многумина, врската на актесрот со 23-годишната Камила Морон е сериозна, но овојпат таа не му правела друштво.
Последен пат, Леонардо и младиот модел беа забележани пред околу еден месец, а иако ретко се појавуваат во јавност, извори блиски до актерот тврдат дека оваа врска сепак е сериозна:
„Обично тој е независен и минува многу време со пријателите, но поради пандемијата, најмногу беше со Камила. Многу сака кога се заедно“.
Парот првпат беше забележан уште во јануари 2018-та, а оттогаш биле неразделни. Актерот дури и ја запознал Камила со неговите родители, и тоа уште одамна.
Леонардо ди Каприо ужива на плажа во Калифорнија:
Прочитајте и Мајка му на Лео ја обожава: Интересни факти за Камила, девојката на ди Каприо
Спирова С. | Црнобело