Меган Маркл и принцот Хари во елегантно издание се појавија на гробиштата во Лос Анџелес (фото)
- Детали
- понеделник, 09 ноември 2020
Во елегантно издание Меган и Хари оддадоа почит на загинатите војници по повод „Remembrance Day“ (Меморијален ден) во Лос Анџелес, а овојпат немаа кралски правила наметнати од кралицата.
Принцот Хари и Меган Маркл ги посетија гробиштата во Лос Анџелес по повод денот „Remembrance Day“, за да оддадат почит на паднатите бoрци.
Тие положија цвеќе на два гроба, а цвеќето Меган го набра од нивната вила од 14 милиони долари во Санта Барбара.
Хари, кој мина 10 години во воените сили, на себе ги стави медалите за оваа пригода, а Меган носеше долг црн капут.
Хари по долги години не беше дел од церемонијата што се случуваше во Лондон, на која беа кралицата Елизабета, принцот Чарлс, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и другите членови на кралското семејство. Тие овојпат стоеја на различни тераси, поради пандемијата.
Хари во Лос Анџелес, а останатите кралски припадници во Лондон:
С. С. | Црнобело