Карди Би пуши 3 цигари, Шерон Стоун плаче – Ѕвездите нервозно ги следат резултатите + кој најави дека ќе си оди од САД ако Трамп победи
- Детали
- среда, 04 ноември 2020
Претседателските избори во САД се главна тема во светот, а покрај самите кандидати, резултатите со нетрпение и блага нервоза ги очекуваат и славните личности, а дел од нив најавија дека ќе го напуштат САД ако Доналд Трамп повторно им стане претседател – дали ќе си го исполнат ветувањето?
Изборите во САД веќе доживуваат драма, со оглед на тоа што Доналд Трамп сам си ја прогласува својата победа и бара да престанат да се бројат гласови, а веќе обвини за кражба на гласови.
Сепак, резултати уште нема, а сите засегнати возбудено чекаат да видат кој ќе седне на претседателската фотелја.
фото: depositphotos.com
Помеѓу славните личности владее тензија, а дел од нив уште одамна се огласија против Трамп и најавија дека ако повторно победи – ќе си заминат од САД.
Реакциите на ѕвездите додека ги очекуваат резултатите:
Карди Би пуши 3 цигари одеднаш додека нервозно следи резултати
Емили Ратајковски удобно сместена во домот го чека исходот
Шерон Стоун објави видео со солзи од стрес, очекувајќи ги резултатите
Криси Тајген заедно со децата и Џон Леџенд ги поддржаа Џо Бајден и Камала Харид
All I could muster was “hi everyone!” This mouth of mine and that’s all I could do. An honor to be in Philly to support Kamala and Joe. pic.twitter.com/1OdX9U7Put
— chrissy teigen (@chrissyteigen) November 4, 2020
За минатите избори, имаше неколку ѕвезди како Мајли Сајрус, Ејми Шумер и Семјуел Л. Џексон, кои го ветија истото ако Трамп влезе во Белата куќа, но не си го остварија ветувањето.
Дали овојпат ѕвездите ќе си го одржат ветувањето по изборите во 2020-та?
Џон Леџенд и Криси Тајген уште во септември најавија дека со семејството ќе си ги спакуваат куферите и ќе ја напуштат Калифорнија ако Трамп победи, бидејќи се изморени од неговото засрамувачко лидерство.
Брус Спрингстин изјави дека ако Трамп повторно е изгласан (во што не верува), ќе се спакува и ќе се качи во првиот авион и ќе оди на другиот крај на светот, бидејќи смета дека демократијата не може да издржи уште 4 години од неговото водство.
Томи Ли пак изјави дека ако Трамп победи ќе се пресели во Велика Британија и нема повеќе да се враќа во САД, а помеѓу опциите ја има спомнато и Грција, каде што бил роден.
Рики Мартин изјави дека ако Трамп го добие вториот мандат, тој и неговиот сопруг ќе „живеат лудо“ некаде надвор од САД, но сепак смета дека треба да останат и да се борат за нивните права таму.
М. М. | Црнобело