Мадона (62) јавно разменува нежности со 26-годишното момче
- Детали
- среда, 28 октомври 2020
И покрај критиките за огромната разлика во години, Мадона не се оптоварува и ужива во врската со 36 години помладото момче.
Мадона (62) е во врска со 26-годишниот Ахламалик Вилијамс од 2015 година, кога тој беше ангажиран како танчар на нејзината турнеја Rebel Heart.
Неодамна парот повторно направи комбинација на бизнисот со задоволството и резултатот е жешка фотосесија во која на една од фотографиите Вилијамс страсно ја бакнува Мадона, додека е турната до ограда.
На друга фотка Мадона провокативно ја става камерата помеѓу нозете.
Очигледно на поп дивата ѝ годи младешката енергија на нејзиниот љубовник. Таа порачува: „Сакајте го тоа што го правите и правете го тоа што го сакате“.
Фотки од провокативната фотосесија: