„Им вреска на вработените преку микрофон“ – Каква е Бијонсе во приватниот живот?
- Детали
- петок, 23 октомври 2020
Сите сакаме да дознаеме какви личности се славните во приватниот живот, особено оние за кои слушаме секојдневно.
Бијонсе е една од најпознатите изведувачи на планетата и веќе е познато дека се однесува како вистинска дива. Многу фанови биле воодушевени кога имале можност да ја запознаат пејачката, но повеќето велат дека е арогантна, неучтива и дека дефинитивно се преценува.
Изгледа Бијонсе навистина се однесува како кралица, без разлика дали е со вработени, колеги или фанови.
Па, каква е всушност Бијонсе?
Најважно ѝ е да се прикаже во совршено светло
Оние кои имале каков било контакт со пејачката, тврдат дека таа дава сè од себе за секогаш да се прикаже во совршено светло. Одличен пример за ова се фотографиите од настапот на Super Bowl во 2013-та.
Кратко по настапот, на веб-сајтот Getty Images се појавија фотки на кои пејачката навистина изгледа смешно. Фотографиите се направени додека танцува, па не е чудно што Бијонсе има чудни гримаси на лицето. Но, поради нејзината опсесија со совршенство, таа побарала од сајтот да ги тргне фотографиите. Иако тие ѝ ја исполнија желбата, интернет корисниците не дозволија фотографиите да исчезнат, па до ден денес ги споделуваат како потсетник за чудното барање на Бијонсе.
Ова е само една ситуација која докажува дека нејзе навистина ѝ е најважно секогаш да изгледа совршено.
Добила забрана за посета на пирамидите во Египет
Кога отишла во Египет, Бијонсе го побарала најдобриот тамошен археолог за да ѝ биде туристички водич. Археологот, доктор Захи Хавас, изјавил дека дури му се згадило од нејзината неучтивост.
„Рече дека ќе дојде во 3 попладне, но задоцни. Очекував барем да се извини, но таа не кажа ништо“, споделил археологот.
Бијонсе понела и фотограф со неа, а истото го направил и археологот. Кога фотографот на Захи почнал да фотографира, Бијонсе му се развикала и изјавила дека таа ќе каже што може да се фотографира, а што не. Тогаш, на археологот му дошло „преку глава“, па ѝ рекол дека не сака да ја продолжи турата со неа. Наводно, археологот дури и ѝ забранил да се врати таму.
Што велат луѓето кои работеле со неа?
Иако многу од вработените на Бијонсе кажуваат добри нешта, изгледа дека повеќето имале само негативни искуства со пејачката.
Една анонимна личност која била дел од тимот на Бијонсе за неколку турнеи има изјавено дека таа се однесувала ужасно кон нејзините танчари.
„Им викаше сè и сешто на танчарите преку микрофон и потоа си замина од сцената налутена, како мало дете“, вели анонимниот извор.
Ужасен однос кон послугата во ресторан
Постојат многу приказни за ужасното однесување на Бијонсе кон послугата во рестораните.
Една девојка која имала можност да ги служи Бијонсе и сестра ѝ Соланж има изјавено дека сестра ѝ се однесувала одлично, но Бијонсе била многу неучтива и претерувала со барањата.
„Разбирам дека е позната, но ако е вистинска кралица ќе се однесува подобро“, вели девојката.
Како се справува Џеј Зи?
Кога станува збор за Џеј Зи, пак, многумина велат дека тој е потполно спротивен – учтив е и секогаш покажал разбирање, па лесно се справувал со лошото однесување на Бијонсе. Сепак, еден период семејството на Бијонсе сметаше дека тој не е достоен за неа, односно дека таа е премногу добра за него. Можеби ваквиот однос од семејството е причина зошто Бијонсе е разгалена дива.
Спирова С. | Црнобело