Прв официјален портрет на Меган и Хари по откажувањето од кралските должности – имитација на вереничкиот
- Детали
- вторник, 20 октомври 2020
Првпат откако се откажаа од кралските должности, Меган Маркл и Хари објавија официјален портрет, кој многу наликува на фотографијата што ја направија за нивната свршувачка.
Познатиот пар беше дел од виртуелната емисија Time 100, а фотографијата е направена токму поради тоа.
Портретот е црно-бел, а слично како фотографијата од свршувачката, Хари е седнат малку погоре од Меган. Разликата е што овојпат, и двајцата изгледаат многу поопуштено.
Новата фотографија е направена во нивниот дом во Калифорнија.
Во емисијата Time100, Меган и Хари разговараат на тема „Градење на подобар свет“, а во емисијата има и неколку специјални гости, како коосновачот на Reddit.
„Од премиерата во април, Time100 Talks се фокусира на решенија и визии за подобра иднина, преку разговори со неверојатни лидери ширум светот. Овaа специјална епизода ја означува нашата прва соработка, и сме среќни што се здруживме со војводата и војвотката од Сасекс за да ги истражиме овие теми“, изјави главниот уредник на Time.
Во февруари годинава, Меган и Хари најавија дека се откажуваат од кралските должности и дека ќе се повлечат од јавноста. Кон крајот на март, тие ја напуштија палатата и сега живеат во САД.
Спирова С. | Црнобело