Џеј Ло во нетипично издание – прошета облечена во „машки“ панталони и чевли (фото)
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2020
За шопинг со децата Џеј Ло се одлучи за нетипичен стајлинг – таа сака да покаже дека и жените може да уживаат во широка облека, па прошета во машки панталони и чевли, но мислењата за овој аутфит се поделени и повеќето го гледаат како модно промашување.
На сцена, Џеј Ло не се плаши да покаже голотија во секси и провокативни аутфити, па дури и во секојдневието, пејачката сака облека што ги нагласува нејзините облини.
Но, овојпат, пејачката реши да се појави во малку нетипично издание за неа - мислењата се поделени, но голем дел го сметаат за класично модно промашување.
Пејачката беше забележана со ќерка ѝ Еме и ќерките на Алекс Родригез во Калифорнија. 51-годишната ѕвезда носеше широка бела кошула, широки кафеави панталони и машки модел на чевли.
Сепак, не ја испуштила можноста да ги покаже стомачните, па долниот дел од кошулата го оставила откопчан.
На девојките им се придружи и 12-годишниот син на Џеј Ло, Макс.
Макс и Еме се децата на Џеј Ло од бракот со Марк Антони. Децата на Алекс Родригез, пак, се од неговиот брак со Синтија Скуртис, со која беше заедно до 2008-ма.
Прочитајте и Алекс ја изневерил, сега им оди на гости – Што знаеме за бившата сопруга на вереникот на Џеј Ло?
Спирова С. | Црнобело