Алекс ја изневерил, сега им оди на гости – Што знаеме за бившата сопруга на вереникот на Џеј Ло?

Кога ќе заврши пандемијата, веројатно можеме да ја очекуваме венчавката на Џеј Ло и Алекс Родригез, но ова нема да биде првиот брак за парот.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-01.jpg

Претходно, Алекс беше во брак со Синтија Скуртис, и тоа околу шест години. Парот има две деца, а поради нив го одржуваат пријателскиот контакт.

Па, која е всушност Синтија Скуртис?

Малку информации се достапни за бившата на Алекс, најмногу бидејќи таа одбира да живее подалеку од вниманието на јавноста. Се обидува да ја зачува својата приватност и е речиси невозможно да се дознае нешто ново за неа.

Во продолжение дознајте неколку факти за неа:

1. Синтија е родена во 1972-ра година, во град во близина на Мајами и доаѓа од богато религиозно семејство.

2. Малку е познато за нејзините средношколски денови, но се знае дека играла одбојка и била навивачка.

3. Таа студирала психологија, а има завршено и магистерски студии. После факултет, се вратила во родниот град за да предава психологија.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-02.jpg

4. Во 1996-та, Синтија го запознала Алекс во една теретана. Интересно е што на почетокот таа го одбивала Алекс, но по некое време попуштила. Спортистот ја запросил шест години подоцна, на нејзиниот 30-ти роденден.

5. Парот има две деца – 15-годишната Наташа и 12-годишната Ела.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-03.jph.jpg

6. Бракот на Алекс и Синтија завршил навистина лошо. Синтија поднела барање за развод во 2008-ма, откако се рашириле гласини дека Алекс можеби има неколку афери. Всушност, тој период почна да се зборува и за тајната врска помеѓу спортистот и Мадона. Сепак, пејачката изјави дека немала ништо со Алекс, ниту пак со неговиот развод од Синтија.

7. Разводот се финализирал во септември истата година, а оттогаш Синтија си продолжила со нејзиниот живот. Таа добила уште една ќерка, Камила, а сега има и нов партнер. Не се знае со сигурност, но според коментарите на социјалните мрежи, најверојатно се и во брак.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-04.jpg

8. За време на разводот, Синтија ја побарала куќата од 12 милиони на Алекс, и го добила токму тоа. Истовремено, таа добива и исплата од 115.000 долари месечно.

9. Откако Алекс се пензионира од Yankees, му се намалија и приходите, па побарал да се намали сумата што ѝ ја исплаќа на Синтија. Подоцна Синтија изјави дека поради тоа што Алекс патувал, ѝ предложил таа да не работи и да се грижи за децата. Поради тоа била шокирана што Алекс барал сочувство од јавноста во врска со таа ситуација. Наводно, Синтија само сакала безбедна и стабилна околина за нивните деца.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-05.jpg

10. Многумина веруваат дека Синтија не ја сака Џеј Ло. Кога, пак, ја прашаа за свршувачката на Алекс и пејачката, таа само изјави дека е среќна за нив и дека не сака да коментира повеќе. Синтија дури беше и на гости кај Џеј Ло и Алекс, за роденденската забава на ќерката Ела.

koja-e-sintija-skurtis-bivshata-na-aleks-rodrigez-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg