Џеј Ло си се соблече по градник, пред бившата жена на Алекс, на роденденот на нивната ќерка
- Детали
- четврток, 23 април 2020
Роденден во двор среде пандемија, Џеј Ло и Алекс Родригез повторно не се добар пример, но делумно се потрудија да се држат до препораките.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез се малку неодговорни затоа што среде пандемија ѝ организираа роденден на неговата 12-годишна ќерка Ела.
Сепак, роденденот беше во двор, а тие се трудеа колку што е можно да ги запазат препораките за социјално дистанцирање на забавата. Присутна беше и Синтија Куртис (47), мајката на Ела и поранешната сопруга на Алекс, со која тој беше во брак од 2002 до 2008 година.
Но, 50-годишната Џеј Ло се чувствуваше сосема опуштено во нејзина близина, па во еден миг поради жештината дури се соблече по градник.
На забавата беа присутни и нејзините близнаци, а поголемиот дел од гостите на забавата само минуваа со автомобили покрај дворот и ѝ посакуваа „среќен роденден“ на ќерката на Алекс.
Џеј Ло во опуштено издание на роденденската забава во двор:
С. С. | Црнобело