Како во „старите времиња“ со шефицата – Ким Кардашијан и Парис Хилтон се модни близначки во тренерки (фото)
- Детали
- петок, 16 октомври 2020
Ким Кардашијан повторно се дружи со нејзината поранешна шефица, Парис Хилтон, а неодамна беа забележани со речиси идентични комбинации од најновата колекција на Ким.
Парис Хилтон и Ким Кардашијан беа забележани во Лос Анџелес со слични модни комбинации, кои се дел од најновата колекција на Ким.
Пред околу една деценија, кога светот не знаеше која е Ким Кардашијан, таа ѝ беше асистентка на Парис. А, по сè изгледа двете ѕвезди повторно се зближуваат, особено последниве две години.
Ким носеше виолетови тренерки и маичка без ракави од велур, а слична e и комбинацијата на Парис – розови тренерки и розов кроп-топ од велур. И двете го дополниле изгледот со големи очила за сонце и големи обетки.
Според изворите, последните две години Ким и Парис редовно се дружат на секои неколку месеци.
„Навистина би направила сè за неа, таа буквално ми ја подари кариерата“, има изјавено Ким за нејзината поранешна шефица.
Ким навистина ја започна ријалити кариерата благодарение на Парис. Во ријалити шоуто на Парис, The Simple Life, Ким неколкупати се појави како асистент и стилист на богатата наследничка.
„Таа е слатка, добра и неверојатна. Горда сум на неа и импресионирана сум што сака да стане адвокат. Неверојатно е тоа што го користи нејзиниот глас за да им помогне на другите“, изјави Парис откако Ким стана светски славна и пројави желба за студирање право.
И Ким и Парис биле горди на нивниот успех, најмногу бидејќи се знаеле и биле блиски уште од детството. Наводно, Ким била и личноста која ја убедила Парис за замрзне јајце клетки, во случај да сака да основа семејство во иднина.
„Имав неверојатен разговор со Ким за тоа. Таа ме запозна со нејзиниот доктор и ме инспирираше да замрзнам јајце клетки“, вели Парис.
Спирова С. | Црнобело