Убиството на брат ѝ, борба со зависности - тажни детали од животот на Донатела Версаче
Постојат многу гласини дека семејството на Донатела било поврзано со мафијата. Некои сметаат дека нивните родители биле заплеткани со подземјето, но дека и Џани ја продолжил таа конекција. Многу луѓе веруваат дека дизајнерот всушност бил убиен од мафијата.
Трагичната смрт на Џани бил еден од најголемите предизвици со кој се соочила Донатела.
„Мојот брат беше крал за мене, а кога умре, целиот свет околу мене се сруши“, има изјавено таа.
Кратко по овој настан, Донатела, обидувајќи се да се справи со болката, почнала да користи наркотици. На дизајнерката останало да ја води целата модна империја на брат ѝ, но почнала да користи кокаин и нејзината зависност станала многу сериозна. За среќа, дизајнерката беше на рехабилитација и успеа да се врати на вистинскиот пат.
„Кога користите кокаин секој ден, вашиот мозок повеќе не работи. Плачев, се смеев, плачев, спиев – не можев да разберам што зборувам, луѓето не ме разбираа … Бев агресивна, го плашев семејството“, има изјавено дизајнерката за нејзината зависност.
Смртта на Џани имала влијание и врз ќерката на Донатела – Алегра Версаче. Наводно, тој период, кај девојчето се развило нарушување во исхраната.
Едно од најпознатите нешта кај Донатела се нејзините пластични операции. Наводно, желбата да го промени својот изглед потекнувала од нејзината несигурност и многуте психолошки проблеми. И таа самата има изјавено дека била свесна дека сака да направи драстична промена во изгледот, која ја гледала како еден вид маска што ќе ја штити.
Трансформацијата на Донатела е повеќе од очигледна. Откако почнала со естетски корекции кон крајот на 90-тите, таа ги има средено усните и има направено лифтинг.
Кога Донатела ја презела лидерската позиција во Versace, нештата не оделе најдобро. Модната куќа не била воопшто стабилна, а веќе напоменавме дека тој период бил особено тежок за Донатела.
Но, денес Versace e едно од најголемите имиња во светот на модата, а Донатела има огромна заслуга за тоа. Компанијата почна да соработува со славни луѓе и да рекламира облека преку нив, па наскоро сите почнаа да посакуваат барем едно парче од Versace.
Погледнете и Темната страна на гламурот и парите: Трагичниот живот на ќерката на Донатела Версаче
Спирова С. | Црнобело