Темната страна на гламурот и парите: Трагичниот живот на ќерката на Донатела Версаче
- Детали
- среда, 17 јануари 2018
Таа се бори со анорексија, анксиозност, а најверојатно и зависности. Алегра Версаче не се покажа како достојна наследничка на модната империја на нејзиниот вујко Џани Версаче.
Џани Версаче беше убиен во 1997 година пред вратите на неговата луксузна резиденција. Многумина ги погоди смртта на модниот могул, но најмногу од сите го погоди 11-годишното девојче со очи како неговите што едноставно го обожаваше, неговата внука Алегра Версаче.
Ќерката на помладата сестра на Џани, Донатела Версаче, наследи 50% од неговата модна империја вредна околу 800.000 долари кога наполни 18 години. Братот на Џани, Санто, наследи само 30%, а сестрата на Џани, Донатела, 20%.
Алегра денес има 31 година и се бори со многу свои демони. Нејзиниот живот е вистински приказ на темната страна на гламурот и парите.
Алегра сака да биде на страна од камерите, но сепак во медиумите постојано излегуваат приказните за нејзината долгогодишна борба со анорексијата, анксиозноста и дисморфичното нарушување (не е задоволна од своето тело и тоа што го гледа во огледалото).
Италијанската наследничка иако има раководно место во модната империја, ретко се појавува на работното место.
Таа ја обоила својата канцеларија во нејзината омилена боја на лаванда, но се појавува само еднаш или двапати месечно, тврди еден поранешен вработен во компанијата, кој ја опишува како комплетно несигурна и кршлива личност. Тој дополнува дека Алегра најчесто само седи дома и гледа телевизија.
Таа уште како мала била сериозно и чувствително дете со огромен интерес за читање на историски книги. Студиозното девојче на 9 години играло балет и имало ексцентрично чувство за мода.
Присуствувала на првото Версаче шоу кога била бебе старо само два дена. Растела со најдобрите работи што парите можеле да ѝ ги купат и носела свила уште во градинка и основно училиште.
Џани и неговата внука Алегра биле неразделни, па кога тој починал таа не можела да се справи со болката што на својата мајка дури и велела дека таа требала да биде на неговото место. И покрај советувањата со психолози, оттогаш Алегра почнала да се соочува со проблеми и на секое наредно појавување беше сè послаба и послаба.
По многуте гласини, во 2007 година семејството објави дека нивната ќерка се брои со сериозната болест анорексија веќе долги години и дека ја добива најдобрата можна медицинска нега.
Алегра има двојно државјанство, па така и нејзиното образование се одвиваше во Италија и Америка. Во една пригода таа изјави: „Студирав драмски уметности за да играм улоги во мали независни претстави и филмови кои никој не ги гледа. Каде и да одам јас сум Версаче. Не можам да побегнам од тоа и тоа ми штети.“
Донатела отсекогаш била екстремно заштитнички поставена кон својата ќерка, па дури и не и дозволувала да вози автомобил. Тоа, како и користењето на кокаин на Донатела, влијаело негативно врз изградбата на Алегра како личност.
„Имањето мајка како Донатела е застрашувачко, па можете да замислите каков ефект има тоа врз нејзината ќерка. Плус, видете што си стори нејзината мајка со лицето и ќе знаете од каде поттикнува ниската самодоверба и несигурноста во семејството“, изјави извор близок до нив.
„Никогаш не сум ја видел Алегра со маж или жена. Таа е или сама или со членови од нејзиното семејство. Таа е заглавена во детството, никогаш нема да се развие. Таа никогаш нема да може да функционира како возрасна личност, а во голема мерка на ова ѝ влијаеше и убиството на Џани“, додаде тој.
Еве како изгледа италијанската наследничка:
С. С. | Црнобело