Чарли Шин се збогува од својата Берта – Почина Кончата Ферел од Two and a Half Men

Кончата Ферел, која повеќето ја знаеме како Берта од Two and a Half Men, почина на 77-годишна возраст поради проблеми со срцето.

konchata-ferel-najpoznata-berta-od-two-and-a-half-men-pochina-na-77-godishna-vozrast-01.jpg

Кончата беше најпозната по улогата на Берта во популарната серија Two and a Half Men, и дефинитивно беше еден од најомилените ликови. Според светските медиуми, актерката починала во болница во Калифорнија, а во последните мигови била опкружена со најсаканите.

konchata-ferel-najpoznata-berta-od-two-and-a-half-men-pochina-na-77-godishna-vozrast-02.jpg

Чарли Шин, кој соработуваше со неа со години, ѝ оддаде почит со објава на Twitter, изјавувајќи дека таа е прекрасна личност, искрен пријател, но и дека нејзината смрт е шокирачка болна.

„Берта, твоето одржување на куќата беше сомнително, но твоето ’справување со луѓето‘ беше совршено“, завршува објавата на Чарли, на која има и нивна фотографија од популарната серија.

Сопругот на Кончата, Ерни Андерсон, летово изјави дека актерката била хоспитализирана уште во мај, бидејќи не се чувствувала добро.

Таа поминала над четири недели на интензивна нега, а потоа била ставена на респиратор и не можела да зборува. Претходно, актерката била во болница и поради инфекција на бубрезите, која се проширила низ крвотокот.

konchata-ferel-najpoznata-berta-od-two-and-a-half-men-pochina-na-77-godishna-vozrast-04.jpg

И од официјалната Facebook страница на Two and a Half Men споделија фотографија од актерката.

„Ужалени сме од смртта на Кончата Ферел и благодарни сме за годините што нè забавуваше како Берта, која ќе живее засекогаш“, стои во описот.

charli-shin-se-zboguva-od-svojata-berta-pochina-konchata-ferel-od-two-and-a-half-men05.jpg

Кончата првпат се појави во познатата серија во 2003-та, а за улогата доби две Еми номинации. Таа продолжи да се појавува во серијата дури и откако Чарли Шин беше заменет со Ештон Кучер. Актерката дефинитивно беше совршениот избор за улогата и тешко дека некој би ја одглумил подобро.

konchata-ferel-najpoznata-berta-od-two-and-a-half-men-pochina-na-77-godishna-vozrast-30.jpg

Во продолжение, пак, можете да погледнете неколку видео компликации со најдобрите моменти од серијата во кои се појавува Берта:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Џастин Тимберлејк не ѝ бил прв дечко, со Колин Фарел сексот бил како „борење“ – Нови скандалозни при... Првиот брак ѝ траеше само 55 часа, а се омажила затоа што била пијана и ѝ било з...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg