Викторија ќе ја дизајнира венчаницата, ќе има две прослави – Што знаеме за свадбата на Бруклин Бекам и Никола Пелц?
- Детали
- петок, 09 октомври 2020
Според изворите, Бруклин Бекам и Никола Пелц ќе се венчаат следното лето, а ќе направат дури две прослави. Венчаницата на Никола ќе ја дизајнира Викторија.
Едната прослава ќе биде во Флорида, каде што живее семејството на Никола, а другата на имотот на Бекамови во Костволдс.
Наводно, Дејвид Бекам, заедно со помалите синови, ќе одржи говор на почетокот од церемонијата.
„Бруклин е многу фокусиран на семејството, исто како неговите родители, а момчињата се многу блиски. Тие се браќа и најдобри пријатели“, споделил извор близок до семејството.
Помалите браќа на Бруклин, Ромео и Круз, ќе бидат кумови, а нивната сестричка Харпер ќе биде деверица.
Како што напоменавме, Викторија ќе биде одговорна за венчаницата, а се појавија гласини дека најверојатно ќе направи некој минималистички дизајн. Ова е третпат Викторија да дизајнира фустан специјално за некоја позната личност. Претходно, таа има направено венчаница за Ева Лонгорија, но и фустан за Меган Маркл.
На венчавката ќе присуствуваат некои од најголемите имиња од светот на шоу-бизнисот. Ќе бидат поканети колешките на Викторија од Spice Girls, а познато е дека ќе присуствува и блискиот пријател на Дејвид, Дејв Гарднер, заедно со сопругата Лив Тајлер.
Елтон Џон, пак, кој му е кум на Бруклин, ќе има и мал настап.
Изворите споделија дека Дејвид и Викторија со задоволство ќе ги покријат сите трошоци за луксузната венчавка.
Интересно е што гостите ќе бидат замолени да не споделуваат ништо на социјалните мрежи. Истовремено, Бруклин и Никола веќе одбиле неколку медиуми кои им понудиле висока сума пари за да можат да ја фотографираат венчавката.
„Ова ќе биде ексклузивен настан и иако ќе биде огромен, прославата 'е биде интимна“, додава изворот.
Бруклин се пофали дека ја побарал раката на Никола во јули, со објава на Instagram:
„Пред две недели ја прашав мојата сродна душа дали ќе се омажи за мене и таа рече да. Јас сум најсреќниот маж во светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и, еден ден, најдобриот татко“, стои во описот.
Погледнете и Прстен од 176.000 евра, дедото ќе ја плаќа свадбата: Детали од свршувачката на Бруклин Бекам.
Спирова С. | Црнобело