Низок раст, вишок килограми: Ѕвезди кои се доказ дека во Холивуд се цени талентот, а не само изгледот
Вупи Голдберг
Вупи може да се пофали со многу филмски награди, вклучувајќи Еми, Греми, Оскар и Тони. Сепак, во текот на кариерата многупати се соочувала со предрасуди и критики на сметка на нејзиниот изглед. Но, таа ги игнорира и продолжува да ги инспирира жените ширум целиот свет.
Џон Бредли-Вест
Џон е уште еден актер кој се прослави благодарение на Game of Thrones. Актерот има изјавено дека целиот живот се чувствувал лошо поради неговиот изглед, но оваа улога му помогнала да го прифати и да го засака неговото тело.
Минди Калинг
Минди е уште една позната жена која често е критикувана за изгледот, но и нејзе не ѝ е грижа.
„Ако некој ми рече дека имам грдо тело, јас ќе му речам - Па, мене ме прави среќна“.
Спирова С. | Црнобело