Низок раст, вишок килограми: Ѕвезди кои се доказ дека во Холивуд се цени талентот, а не само изгледот
- Детали
- недела, 11 октомври 2020
Бидејќи речиси секогаш ги гледаме славните во беспрекорно издание, сметаме дека изгледот е пресуден за успех во Холивуд. Можеби во минатото ова било точно, но денес правилата се менуваат.
Многу славни личности не ги исполнуваат нереалните стандарди за убавина кои ги наметнува Холивуд, но нивниот неверојатен талент го засенува тој факт. Истовремено, јавноста станува свесна дека не постои еден стандард за убавина и дека сите можат да изгледаат неверојатно, без разлика на обликот на нивното тело.
Во продолжение погледнете ги ѕвездите кои докажуваат дека изгледот не е најважното нешто:
Ејми Шумер
Актерката ја започна кариерата како стенд-ап комичар, а денес е најпозната по улогите во романтичните комедии.
Ејми често е мета на критики поради нејзиниот изглед, но секогаш знае како да се справи со нив. Користејќи ја нејзината смисла за хумор, актерката секогаш ги замолчува „хејтерите“ и токму поради тоа стана инспирација за многу жени ширум светот.
Питер Динклиџ
Актерската кариера на Питер почнала многу одамна, но дури после и импресивната изведба во Game of Thrones, актерот стана светски познат. Поради неговиот џуџест раст, Питер се соочил со бројни предизвици во животот, но денес не дозволува тоа да му претставува пречка.
Овој актер е можеби најдобар доказ дека талентот е секогаш поважен од изгледот.
Ребел Вилсон
Ребел е една од најзабавните холивудски актерки и најчесто ја гледаме во комедии. Таа е инспирација за многу жени бидејќи не само што се чувствува одлично во своето тело, туку и храбро прави шеги на своја сметка. Сепак, актерката неодамна изненади со губењето на вишокот килограми.