Како изгледа Џорџина Родригез по дома, а како на ревија + нови гласини за свршувачката со Кристијано
- Детали
- среда, 07 октомври 2020
Неодамна, Џорџина објави семејна фотографија на која е во лежерно издание, а само неколку денови подоцна, на модна ревија во Париз, изгледаше совршено, а ги разгори и гласините за свршувачката со фудбалерот.
Кристијано Роналдо и Џорџина се заедно веќе четири години и изгледаат посреќно од кога било. Неодамна, и Џорџина и фудбалерот споделија слатка фотографија, на која позираат со нивните четири деца за време на појадок.
Џорџина, која обично сме навикнати да ја гледаме средена од глава до пети сега е во опуштено издание, со тренерки, маица и несредена фризура.
Само неколку денови подоцна, Џорџина присуствуваше на модната ревија на Louis Vuitton во Париз, без Кристијано. 26-годишниот модел се појави со Louis Vuitton мантил со препознатливото лого, а комбинацијата ја дополнила со црвена брендирана чанта и црвени чевли.
Она што најмногу го привлече вниманието е големиот дијамантски прстен, кој го ставила на прстот на кој обично се носат вереничките прстени. Со ова, дополнително ги разгоре гласините за нејзината свршувачка со Кристијано.
Засега, тие немаат потврдено ништо вакво и само одвреме-навреме спомнуваат дека можеби ќе се венчаат еден ден. Но, фановите се сè повеќе убедени дека фудбалерот веќе ја побрал раката на Џорџина.
Спирова С. | Црнобело