Бритни Спирс непрепознатлива во домашно издание + фотки од нејзиното атрактивно момче
- Детали
- вторник, 06 октомври 2020
Сем Ашгари е „карпата“ за која Бритни се фаќа кога доаѓаат лоши денови... Пејачката сега проговори за несигурностите околу изгледот.
Бритни Спирс на Инстаграм им покажа на фановите како навистина изгледа по дома. 38-годишната пејачка од својата раскошна вила објави фотки во лежерно издание со карирана кошула.
Во описот таа проговори за несигурностите околу својот изглед:
„Инстаграм vs. Реалност!!! Сакав да ви покажам како изгледам на дневна база. Станувам несигурна кога ми прават фотографии неподготвена, па секогаш вложувам многу напор во мојот изглед, но знаете понекогаш е убаво да не се трудите толку многу и да ги спуштите ѕидините околу себе. На фотографијата се обидував да поправам сијалица, но сфатив дека сум прениска.“
Инаку, веќе години наназад се води онлајн кампања од фановите за Бритни да биде ослободена од нејзиниот татко кој ја има контролата над нејзините пари и живот, таа моментално води и судска битка со него.
Но, поранешен вработен кај неа тврди дека на пејачката ќе ѝ биде потребно некој да ја чува до крајот на нејзиниот живот.
За судската битка на Бритни прочитајте повеќе ТУКА!
Инаку, Бритни Спирс во 2016 година го запозна атрактивниот Сем Ашгари, кога тој се појави на снимање на еден нејзин видео спот и оттогаш парот е заедно. Сем секогаш е заштитнички поставен околу својата избраничка и извори блиски до парот велат дека тој е нејзината карпа, дека ја познава вистинската Бритни и приоритет му е нејзината среќа и насмевка.