Славни личности кои дипломирале на најпрестижните универзитети во светот
Метју Фокс
Ѕвездата од Lost има завршено на универзитетот Columbia, каде што учел економија. Неколку години актерот ја изучувал и глумата во New York Conservatory for Dramatic Arts – престижен колеџ кој нуди интензивни тренинзи за актери, пејачи и танчари.
Руни Мара
Откако завршила средно, неколку месеци актерката патувала. Подоцна се запишала на George Washington University, но после една година се откажала. На крај, Руни одлучила да ја изучува психологијата на University of New York.
Том Хидлстон
Познатиот актер може да се пофали со навистина импресивно образование. Најпрво тој бил на Oxford, а подоцна се преместил на Eton College. Потоа, Том се запишал на Cambridge, каде што ги изучувал драмските уметности.
Рејчел Мекадамс
Рејчел сонувала да стане актерка уште од детството, а следејќи ја таа желба го одбрала и нејзиниот факултет. Рејчел има завршено драмски уметности на University of New York, а се покажала како навистина добар студент.
Томи Ли Џонс
Познатиот актер бил брилијантен ученик уште во детството. После средно, прво се запишал на University of Dallas, а набрзо потоа добил стипендија за Harvard. Актерот го изучувал англискиот јазик и дипломирал во 1969 како еден од најдобрите студенти.
Брук Шилдс
Познатата актерка направила пауза од кариерата во 1980-тите за да може да му се посвети на образованието. Таа има завршено француски јазик на Princeton.
Метју Меконахи
После средно, Метју заминал да живее во Австралија, каде што работел како мијач на садови. Откако се вратил во САД една година подоцна, се запишал на University of Texas. Токму овде, тој го снимил неговиот прв (краткометражен) филм, Chicano Chariots.
Погледнете и Познати личности кои се запишале на факултет откако станале славни.
Спирова С. | Црнобело