Славни личности кои дипломирале на најпрестижните универзитети во светот
- Детали
- недела, 18 октомври 2020
Повеќето славни немаат завршено факултет, најмногу бидејќи се прославиле додека уште биле многу млади. А, кога имаат полни раце работа со снимање музика или филмови, тешко дека ќе најдат време за факултет.
Сепак, некои славни не само што завршиле факултет, туку дипломирале на некои од најпрестижните универзитети ширум светот.
Погледнете за кои станува збор:
Лупита Нионго
Младата оскаровка е родена во Мексико Сити, но кога имала 1 година, со родителите заминала во нивната родна држава – Кенија. Кога наполнила 16 години, Лупита се вратила во Мексико за добро да го изучи шпанскиот. Потоа, таа се запишала на колеџот Hampshire, и после макотрпна работа успеала да влезе на Yale. Овде ги изучувала драмските уметности и дипломирала во 2012-та.
Хју Грант
Во далечната 1979-та, актерот добил стипендија за да учи на Oxford и се запишал на англиска литература. Додека бил студент, Хју учествувал во првиот филм од неговата кариера, кој бил во продукција на универзитетот.
Кејт Бекинсејл
Кејт се запишала на Oxford за да ги изучува француската и руската литература, и тоа додека ја градеше својата актерска кариера.
Знаевте ли дека Кејт е една од најпаметните холивудски ѕвезди и има IQ од 152?
Ема Томпсон
Познатата актерка го изучувала англискиот јазик на Cambridge. Тој период таа била и дел од аматерската драмска секција, заедно со други студенти од универзитетот.
Рене Зелвегер
Рене работела како келнерка додека земала часови по глума, кои ја натерале да започне актерска кариера. Истовремено, таа го изучувала и англискиот јазик на University of Texas, каде што дипломирала во 1991-ва.
Мерил Стрип
Мерил Стрип не се истакнала само како актерка, туку и како студент. Во 1971-ва таа дипломирала од Vassar College, а само неколку години подоцна, во 1975-та, станала магистер по драматургија на Yale.