„Премногу те сакам Џек“ - Мајката на Криси Тајген со емотивна објава за изгубеното внуче (вознемирувачки фотографии)
- Детали
- петок, 02 октомври 2020
Откако Криси Тајген го изгуби детето, и нејзината мајка Вилајлак сподели срцепарателна објава. Вилајлак сподели видео на кое го држи детето и го бакнува пред да се збогува со него, а целиот момент е вознемирувачки.
34-годишната Криси беше околу петти месец од бременоста, кога беше хоспитализирана поради обилно крвавење. За жал, лекарите не успеале да го спасат детето.
Следниот ден, покрај видеото, нејзината мајка Вилајлак сподели и неколку фотографии на кои тагува за изгубеното внуче.
„Ме боли срцето, те сакам премногу Џек“, напишала Вилајлак во описот на објавата.
На видеото се гледа како еден болничар ѝ вели на Вилајлак дека може да го допре детето, па таа нежно ја поставува дланката врз него. На фотографиите, пак, се гледа како го држи детето кое за жал не преживеа, во нејзините раце.
Ова беше третата бременост на Криси, која беше неочекувана и за неа и за Џон Леџенд. Причината е што за претходните две бремености на Криси беа со ин-витро, па таа не ни знаела дека може да забремени.
Прочитајте и „На овој најмрачен ден ќе тагуваме и плачеме“ – Криси Тајген со срцепарателни фотки соопшти дека го изгуби бебето.
Спирова С. | Црнобело