„Бебето е силно, но неговата куќа се распаѓа“ – Криси Тајген е во болница заради ризичната и проблематична бременост

Криси Тајген e хоспитализирана поради крвавење за време на нејзината трета бременост, но изјави дека и таа и детето се во ред.

bebeto-e-silno-no-negovata-kukja-se-raspagja-krisi-tajgen-e-vo-bolnica-zaradi-rizichnata-i-problematichna-bremenost-01.jpg

34-годишната Криси Тајген, која е бремена со нејзиното трето дете, откри дека следните неколку недели ќе ги помине во болница. Причината е крвавењето од нејзината плацента.

Криси ги сподели новостите на Instagram Story, изјавувајќи дека проблемите со крвавењето се појавиле пред помалку од еден месец.

„Секојпат кога одев во тоалет имаше крв… Но големата разлика денес е што е како пуштена чешма… изгледаше како да нема да сопре“.

teshko-e-bidejkji-ne-mozham-da-napravam-mnogu-bremenata-krisi-tajgen-e-vo-bolnica-poradi-krvavenje-02.jpg

Криси изјави дека се чувствува добро, но и дека момчето што го носи е силно, па дури и посилно од другите деца, Луна и Мајлс.

„Многу се движи. Имаме милион одлични слики од него. Многу е силен и многу сум возбудена за него бидејќи е прекрасен и едвај чекам да го запознаам“.

Сепак, Криси сподели дека ѝ е јасно дека нејзината бременост е ризична.

„На некој начин, тој е најсилниот во една многу лоша куќа. Неговата куќа се распаѓа. Немаше ни добри темели. Тој ја немаше најсилната шанса на самиот почеток“, изјави Криси.

teshko-e-bidejkji-ne-mozham-da-napravam-mnogu-bremenata-krisi-tajgen-e-vo-bolnica-poradi-krvavenje-03.jpg

„Тешко е бидејќи не можете да направите многу. Сега сум во тој период кога е навистина опасно да пробате што било. Едноставно, ако ги преживееме следните неколку недели, ако малечкото момче ги помине следните неколку недели, тогаш знаете, ќе можеме да ја надминеме опасната зона. Но, прво ќе треба да поминеме низ неа. Па да, страшно е“.

Покрај Криси бил и Џон Леџенд, кој постојано се грижел за неа.

teshko-e-bidejkji-ne-mozham-da-napravam-mnogu-bremenata-krisi-tajgen-e-vo-bolnica-poradi-krvavenje-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg