Глуми, пее, танцува, модел - која е Зендеја, најмладата добитничка во историјата на Еми наградите?
- Детали
- вторник, 22 септември 2020
Во по малку бизарното издание на овогодишните ЕМИ награди, сепак имаше и многу блескави моменти. Еден од нив е тоа што младата Зендеја испиша историја и на 24-годишна возраст стана најмладиот добитник на ЕМИ награда за нејзината улога во хит-серијата на HBO – Euphoria.
„Сè уште немам зборови… чувствувам толку многу љубов во моментов, ви благодарам“, напиша Зендеја во нејзината објава на Инстаграм по повод статуетката.
Таа глуми уште од најмали нозе. Ја започнала својата кариера како модел уште кога била дете, а исто така танцувала пред да ја добие улогата во серијата Shake It Up на каналот Дизни.
Се натпреварувала и во 16-тото издание на шоуто „Танц со ѕвездите“ (Dancing with the Stars). Нејзините најпознати филмски улоги се онаа во Spider-Man: Homecoming (2017) и мјузиклот The Greatest Showman (2017) во кој глумеше покрај Хју Џекмен и Зак Ефрон.
Покрај тоа што Зендеја глуми, танцува, пее и повремено позира како модел, таа е и амбасадор за Convoy of Hope.
Има напишано и книга, а има и своја линија на облека – Daya by Zendaya. Таа е и заштитно лице за парфемот Idole na Lancome.
Младите ја обожуваат поради нејзината приземјеност и многубројните таленти, а таа изгледа апсолутно прекрасно секогаш кога се појавува на црвениот тепих.
ЕМИ наградата за главна улога е особено заслужена, затоа што Euphoria немаше да биде она што е без Ру (Зендеја).
Погледнете како изгледа оваа неверојатна, млада дама, како пее и како танцува:
(О)Милена | Црнобело