Анистон и Кимел ги запалија пликоата за дезинфекција – Најчудни и најдобри моменти од виртуелните Еми награди 2020
- Детали
- понеделник, 21 септември 2020
Заради пандемијата, Еми наградите се одржаа виртуелно, луѓе со скафандери им ги носеа наградите на добитниците до дома, Анистон и Кимел им правеа дезинфекција на пликоата, имаше технички проблеми со видео конференциите и грешно прогласување – како помина овој настан и кои се највпечатливите моменти годинава?
Пандемијата со корона вирусот дефинитивно ни донесе една нова нормалност која никој не ја очекуваше, но светот почнува да се приспособува на новите правила.
Еми наградите се одржаа виртуелно, а тоа значи дека Стејплс центарот во Лос Анџелес остана празен, без публика и без гламурозен, црвен тепих, а домаќинот Џими Кимел беше сам на сцената со заднина од екрани на кои беа приклучени сите учесници и номинирани, од дома.
Самото тоа што настанот се одржа виртуелно е доволно чудно, но имаше уште неколку чудни и неочекувани моменти кои се случија, а не поминаа незабележано.
Најчудните и најдобрите моменти кои ги одбележаа овогодишните Еми награди:
Џими Кимел за првпат држеше воведен монолог без публика во живо...
Односно, во публика беа поставени картони од ѕвездите облечени во аутфитите од минатогодишните Еми награди, а единствено присутен беше Џејсон Бејтман, но на дистанца.
На малите екрани пак, беа прикажани инсерти од минатогодишната публика како се смее и аплаудира на шегите на Кимел.
Реалниот изглед на сцената беше овој – нема потреба да објаснуваме што е најчудното нешто оваа година:
Имитација на Оскари... на лош начин – го згрешија добитникот на награда
Наместо Рон Сифас Џонс, за победник во категоријата актер-гостин во драма, го прогласија Џејсон Бејтман, а потоа од организацијата се извинија.
Oops. #Emmys pic.twitter.com/1QohR19Hcd
— Patrick Gomez (@PatrickGomezLA) September 20, 2020
The virtual #Emmys were bound to have some technical hiccups. On the final night of the Creative Arts Emmys, Jason Bateman's name was incorrectly announced as the winner for guest actor in a drama, when Ron Cephas Jones actually won https://t.co/AkbkFQr231 pic.twitter.com/B96yHDIQJa
— Variety (@Variety) September 20, 2020
Презентерите и доделувачите на наградите оваа година носеа скафандери со изглед на смокинг, а ги носеа до домовите на победниците:
Рами Јусеф направи шега на своја сметка – како изгледа кога ќе изгубиш Еми награда во 2020-та
Презентерите веројатно биле поставени на различни локации кај номинираните – ако победат им ги доделуваат, а во спротивно си заминуваат. Реми беше номиниран во две категории, но не победи во ниту една, но се пошегува на своја сметка.
Тој го снимал презентерот како си оди од неговата локација со наградата и напишал: „Кога ќе изгубиш Еми награда.“
when you lose the emmy pic.twitter.com/ECkbGcoHBA
— ramy youssef (@ramy) September 21, 2020