Фото споредби: Колку се променија славните од детството до денес?
- Детали
- недела, 10 јануари 2021
Сите знаеме како изгледаат најпопуларните ѕвезди денес, но сте се запрашале ли како изгледале во детството, пред целиот свет да дознае за нив?
Некои славни ги знаеме уште од нивното детство, а некои се прославиле подоцна во животот. Но, колку се променија тие низ годините?
Ви продолжение можете да погледнете како изгледале во детството некои од најголемите ѕвезди, а како изгледаат денес:
Џастин Бибер
Џастин ја започна кариерата со објавување кавери од други артисти, кога беше забележан од една продукциска куќа. Оттогаш имаат поминато повеќе од 10 години, а популарноста на Џастин продолжува да расте.
Аријана Гранде
Аријана ја започна кариерата како актерка, но нејзиниот талент ја направи многу позната пејачка. Од првиот албум во 2013-та, Аријана може да се пофали и со неколку музички награди.
Хари Стајлс
Пред да се пријави на X Factor, Хари бил обично момче кое било дел од школски музички бенд. После шоуто, беше формиран бендот One Direction и на Хари му го поплочи патот до успехот.
Џиџи Хадид
Џиџи ја започна кариерата уште на многу рана возраст, како модел за детската колекција на Guess. Извесен период направи пауза за да се фокусира на образованието, но потоа ја продолжи кариерата и сега е еден од најпознатите и најбараните модели.
Кајли Џенер
Кајли буквално порасна пред камерите, благодарение на ријалити шоуто на Кардашијанс. Неодамна, од семејството соопштија дека повеќе нема да го снимаат шоуто, но Кајли веќе е сензација на социјалните медиуми, а си има и своја козметичка линија.