Фото споредби: Колку се променија славните од детството до денес?
Jonas Brothers
Бендот почна со настапи уште во 2005-та, но првпат беа забележани во 2007-ма, годината кога потпишаа договор со Disney. Оттаму, членовите на бендот почнаа и соло кариери, но минатата година направија уште една заедничка песна, а ветија и нова музика и нови турнеи во иднина.
Зендеја
И Зендеја влезе во светот на славните благодарение на Disney, кога имала само 14 години. Претходно, во детството, актерката имала и неколку ангажмани како модел.
Том Холанд
Светот дозна за Том кога ја доби улогата на Спајдермен, но претходно тој работел и како театарски актер. Том е еден од помладите холивудски актери, а сите се убедени дека го очекува блескава кариера.
Деми Ловато
Деми ја започна кариерата како актерка на само 10-годишна возраст, повторно преку Disney. Потоа реши да заплива во музичките води, па денес може да се пофали со 6 студио албуми и милиони фанови кои едвај чекаат нешто ново од неа.
Шон Мендез
Како тинејџер, Шон беше доста популарен на платформата Vine, каде што споделуваше кавери од други артисти. Во 2014-та почна професионално да се занимава со музика и досега има снимено 3 студио албуми.
Тејлор Свифт
Во детството, Тејлор живеела на фарма за новогодишни елки, и сакала коњи и музика. Била дел од неколку музички проекти, а стана познат музичар во 2006-та, благодарение на нејзиниот прв кантри албум. Кога се префрли на поп-музика, Тејлор стана една од најголемите имиња во светот на музиката.
Спирова С. | Црнобело