Некои ја тужат, некои ја гледаат како сестра – што откриваат вработените за Лејди Гага?
Луди модни комбинации, дури и кога е на одмор
Лејди Гага стана препознатлива по лудите модни комбинации, а изгледа сака да ги носи и зад камерите. Том Еребаут, кој цели 10 години е нејзин стилист, изјави дека пејачката сака да се дотерува и кога никој не ја гледа.
„Дури и кога е на одмор, таа изгледа тренди“, има изјавено тој.
Кога тој не можел да присуствува на одморите на Гага, секогаш ѝ подготвувал цел куфер со облека.
Ги инспирира вработените
Кога работите за една од најголемите ѕвезди во светот, сигурно ќе се чувствувате нервозно.
Сара Тано ѝ беше мејкап артистка на Лејди Гага цели 10 години, но кога почнала да работи за неа, нејзината несигурност била повеќе од очигледна. Кога ја подготвувала за еден настап, бил навистина ограничена со време, а Гага ја забележала нејзината анксиозност.
Пејачката веднаш се обидела да ја смири и да ја утеши, а Сара до денес го помни тоа.
Секогаш отворена за нови нешта
Лејди Гага има облечено фустан од месо, па на сите ни е јасно дека не се плаши да експериментира.
Според Сара Тано, секој мејкап артист би уживал да работи со Гага.
„Таа е бестрашна кога треба да се проба нешто ново, а ова ме прави најсреќниот артист во светот“.
Одлична грижа за кожата
Според вработените на Гага, пејачката води неверојатна грижа за нејзината кожа. Покрај маските и посетата на салон, таа редовно правела вежби за лице и одела на масажи.
Прави вработените да ја гледаат како семејство
Питер ван дер Вин со години е телохранител на Лејди Гага. Тој има изјавено дека можеби е платен да се грижи за нејзината безбедност, но тој се грижел за неа како да е дел од неговото семејство. Во едно интервју сподели дека ја гледа пејачката како сестра.
Па, изгледа Гага навистина се однесува многу добро кон вработените. Освен, можеби, кон Џенифер Онил.
Спирова С. | Црнобело