Некои ја тужат, некои ја гледаат како сестра – што откриваат вработените за Лејди Гага?
- Детали
- вторник, 08 септември 2020
Додека некои од вработените на Гага имаат само лоши зборови за неа, па дури и ја тужеле, повеќето се чувствуваат како да е дел од нивното семејство.
Лејди Гага не залудно ја нарекуваат дива – каде и да се појави, го привлекува целото внимание и нејзиниот збор е последен.
Сепак, понекогаш е тешко да излезете на крај со ваква личност, особено ако работите со неа. За Лејди Гага е познато дека неретко има чудни барања, а некои луѓе кои работеле за неа решиле да споделат дел од нив.
Па, што велат вработените на Гага за неа?
Прекувремено работење
Уште кога ќе помислите да бидете асистент на позната личност, јасно е дека ќе имате многу работа. Но во реалноста, се чини дека работата е уште потешка.
Наводно, многу луѓе работеле прекувремено за познатата пејачка, а некои не ни бил платени за дополнителните часови. Една од нив е Џенифер Онил.
Во 2012-та, Џенифер дури ја тужеше Гага поради ова, и побара неверојатни 400.000 долари за неплатеното работно време. Според неа, таа работела 7.168 часа без да биде платена за тоа. Следната година тие го решија проблемот настрана од судница.
Некогаш асистентите треба да спијат до неа
Ова е уште една тајна откриена од Џенифер Онил. Додека сведочела за нејзиниот случај, Џенифер изјавила дека една од нејзините должности била да спие во ист кревет со пејачката, особено на турнејата во 2010-та
Кога ја прашале дали сметала дека мора да го направи тоа, таа одговорила потврдно, бидејќи никој не ја прашал ни дали сака своја хотелска соба, ниту пак кревет.
Разгалено однесување
Ако мислевте дека спиењето со пејачката бил крајот на маките на Џенифер, се лажете.
Жената сподели и дека доста често се случувало сред ноќ, Гага да ја натера да стане за да го смени ЦД-то во ДВД плеерот. И, само затоа што Лејди Гага ја мрзело да стане од креветот.
Безброј чудни барања
Барањата што Гага ѝ ги поставувала на Џенифер не се најчудните. Пејачката имал готвач „на повик“ кој е достапен за неа 24/7, а асистент морале да се осигурат дека при рака секогаш ќе има iPod.
Им купувала оброци на вработените
Сепак, не сите кои работеле за Лејди Гага имаат лошо искуство со неа. Всушност, некои од нив се и воодушевени.
Наводно, Гага не штедела за нејзините вработени и им дозволувала да уживаат во луксузот. Им овозможувала влезници за секакви забави, а неретко им купувала и оброци. Еднаш, пејачката потрошила 3.000 долари во ресторан за вечера за нејзините вработени.