Славни жени кои решија да ги извадат силиконските гради и јавно да прозборат за својата одлука (фото)
- Детали
- недела, 23 август 2020
Голем број на познати личности отворено зборуваа(т) во врска со одлуките за зголемувањето на градите. Многу од нив сепак со жалење констатираа дека вметнувањето на силиконски импланти било огромна грешка, а некои дури и ги отстранија.
Дел биле незадоволни од големината, односно изгледот на градите, други не можеле да ги поднесат на допир, трети пак почнале да се сомневаат дека имплантите може да влијаат на нивното здравје.
На крајот сепак се премислија и решија да ги извадат силиконските гради. За кои познати дами станува збор?
Криси Тајген
Најсвежиот пример го имаме од неодамна. Сопругата на Џон Леџенд ги извади имплантите, прослави со торта, а подоцна изјави дека била бремена во текот на процедурата на вадењето, не сè уште не знаела за зачнувањето.
„Сакам конечно да закопчам патент на фустан во мој број и комфорно да легнам на стомакот“, напиша Криси на Инстаграм.
Јоланда Хадид
Мајката на Бела и Џиџи Хадид ги отстрани градите за време на една епизода од реалното ТВ шоу The Real Housewives of Beverly Hills под будното око на камерата.
Таа се соочи со Лајмска болест и откри дека имплантите всушност дополнително ја влошуваат инфекцијата.
Памела Андерсон
Ѕвездата на Baywatch ги извади силиконските импланти уште во 1999 година. „Чекав долго време да го направам ова и сум многу среќна со својата одлука“.
Викторија Бекам
Во интервју за Vogue во 2017 година, Викторија изјавила дека има порака за помладата верзија од себеси: „Не си играј со своите гради. Биди задоволна со она што ти го дала природата“.
Таа изјавила дека одамна ги има отстрането силиконските импланти и дека го мразела нивниот изглед нарекувајќи ги „торпедо базуки“.
Хајди Монтаг
Ѕвездата од реалното ТВ шоу The Hills изјави дека ги извадила имплантите во 2013 година заради сопствената безбедност и здравје. Имено, силиконот почнал да го уништува ткивото на кожата, поради огромната големина и тежина на имплантите.
Шерон Озборн
Во 2011 година сопругата на Ози Озборн изјави дека се разбудила едно утро и забележала дека едната града е многу помала од другата.
Докторот и објаснил дека едниот имплант протекол, а течноста се излила во стомакот, по што ги извадила и двата. „Не чувствувам дека имам воден кревет во градите повеќе“.
(О)Милена | Црнобело