Елена Ристеска за 6-иот роденден на внуката: „Колку деца и да имам, ти секогаш ќе ми бидеш прво дете“
- Детали
- понеделник, 17 август 2020
„Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми“ – стои во емотивната честитка на Елена Ристеска за 6-тиот роденден на внуката Делфина, со која е многу приврзана.
Фановите на Елена веќе добро ја знаат малечката Делфина, внуката која пејачката ја гледа како свое дете.
Таа го користи секој момент да го помине со Делфина, покажува дека секогаш ја става на прво место и на Инстаграм редовно споделува како го минува времето со неа.
6-тиот роденден Делфина го поминала во кругот на најблиските, со мала роденденска забава исполнета со балони-еднорози.
Елена објави неколку фотки од прославата и напиша порака која топли срца:
„Најхрабриот лав што го знам, се бори како лавица откако се роди. Најслаткото дете што сум го запознала, како да излегла од цртан филм.
Понекогаш се запрашувам дали зборувам со дете или со возрасен – толку е паметна. Некогаш не сум сигурна дали е мое дете или на сестра ми – како јас да сум ја родила, толку многу ја сакам – како свое дете. И без разлика колку деца ќе ми даде Бог во иднина, таа секогаш ќе биде моето прво дете.
Те сакам Делфина. Единствената причина зошто останувам овде, си ти.“
М. М. | Црнобело