Хали Бери наполни 54 години - изгледа двојно помладо (фото)
- Детали
- понеделник, 17 август 2020
Би помислиле дека е во своите триесетти, но популарната актерка го прослави 54-тиот роденден.
Објавувајќи слика на Инстаграм на којашто позира во бикини и обична бела маичка на скирол, Хали напиша: „54… животот станува сè подобар и подобар“.
Оскаровката која зад себе има 3 пропаднати бракови со Дејвид Џастис, Ерик Бенет и Оливие Мартинез веќе неколку години ужива во слободата и сингл животот којшто очигледно ѝ годи, со оглед на тоа што изгледа навистина прекрасно.
На нејзиниот Инстаграм профил може да се забележи дека актерката постојано вежба и е во одлична физичка и кондициска форма, а нејзиниот младешки изглед очигледно се должи токму на ова.
Погледнете како изгледа Бери во шестата деценија од животот:
(О)Милена | Црнобело