Џесика Симпсон повторно непрепознатлива – прослави 40-ка со минус 45kg (фото)
- Детали
- понеделник, 13 јули 2020
Во бременоста ги збуни фановите со непрепознатливиот изглед од вишокот килограми и отоците, а сега отиде во друга крајност и е послаба дури и од претходно – Џесика Симпсон непрепознатлива на 40-иот роденден.
Во минатото важеше за секс симбол, но во последната бременост се соочи со поголеми проблеми – од вишок килограми и болки до отоци на телото и несоница.
Иако во бременоста многупати беше забележана во неуредни изданија, по породувањето таа не дозволи да остане така и симна 45 килограми.
И покрај тоа што дојде до идеална тежина, на најновата фотка, Симпсон изгледа како да спуштила уште некој килограм, бидејќи повторно изгледа непрепознатливо, овојпат – премногу слаба.
За да се збогува со нејзините 30-ти години, пред да влезе во 40-ката, таа облече фармерки стари 14 години и позираше во нив без грам шминка: