Џесика Симпсон се „стопи“ по породувањето – ослабе 45 kg и гордо се фали со фигурата (фото)
- Детали
- четврток, 26 септември 2019
На неколку седмици пред породувањето Џесика Симпсон изгледаше непрепознатливо, со вишок килограми, отечено тело и несредена – сега со 45kg помалку гордо чекори во стилски комбинации.
Џесика Симпсон се соочуваше со сериозни проблеми во текот на третата бременост – големи болки, несоница, анксиозност, отекување на нозете, па дури и бронхитис.
Во тој период таа не можеше да размислува на својот изглед и во јавност се појавуваше несредено и непрепознатливо, а нејзината тежина достигнала до 108 килограми.
По породувањето, таа реши да се врати на својата фигура од порано, а со сигурност успева во тоа.
На нејзиниот Инстаграм профил сподели фотка на која открива дека ослабела 45 килограми и дека е горда што повторно се чувствува добро во своето тело.
Деновиве таа за првпат се одвои од своето бебе и беше забележана низ улиците на Њујорк во неколку различни аутфити.
Џесика Симпсон стопена по породувањето:
М. М. | Црнобело