Третата бременост ѝ е најтешка: Џесика Симпсон оди на преглед несредена, по папучи (фото)
- Детали
- четврток, 07 февруари 2019
На многу краток период пред породување, Џесика Симспон е забележана целосно несредена, како оди на преглед.
Третата бременост на пејачката не ѝ е воопшто лесна, па таа очигледно нема време да се грижи за изгледот.
Облечена во шалвари, широк џемпер и со папучи, таа беше забележана како се упатува на преглед заедно со сопругот, со несредена коса и изглед.
Сепак, веројатно не може да ја осудиме, бидејќи третата бременост ѝ е најтешка досега, со оглед на тоа што се соочува со огромни болки, несоница и анксиозност.
Таа постојано ги споделува нејзините маки на социјалните мрежи, а таа дури го прифати и #10yearchallenge и сподели фотка од нејзините згодни нозе пред 10 години и од денес, кога нозете ѝ се видно отечени.
Единственото нешто што ја одржува во бременоста, како што вели таа, е фактот дека ќе добие уште едно слатко детенце, како двете кои ги има.
Погледнете како изгледа Џесика кратко пред породување со ќеркичка: