Први фотки од Криси откако ги извади имплантите на гради – горда на своето бикини тело
- Детали
- вторник, 07 јули 2020
Неодамна ги извади имплантите на градите, а сега гордо ги покажа несовршеностите на телото – Криси се појави во дводелно бикини по долго време.
Криси Тајген никогаш не се срамела од своето тело и секогаш го правела она што неа ѝ одговара без да мисли на туѓите коментари.
Сепак, варијациите во тежината некогаш ја терале да се одлучи за монокини наместо бикини, а сега го покажа телото и напиша: „Дводелен костим после долго време“.
Инаку, 34-годишниот модел неодамна се збогуваше со имплантите на гради бидејќи веќе ѝ претставуваа проблем, а во една изјава се жалеше дека сака да спие на стомак и да може нормално да закопча фустан.
И покрај тоа што ги извади имплантите, нејзиното деколте изгледа одлично, а таа не се срами да го покаже телото иако можеби не е совршено според нечии стандарди.
М. М. | Црнобело