Џеј Ло на 47, Ричард Гир на 69 - Ѕвезди кои докажуваат дека никогаш не е доцна да најдете љубов
Гери Халивел
Познатата „Спајс“ девојка ја започна врската со сопругот Кристијан во 2014-та, кога имаше 42 години.
Софија Вергара
Софија е во брак со Џо Манганиело, а врската ја започнаа во 2014-та. Тогаш, Софија имаше 42 години.
Тина Ноулс
Тина се раздели од таткото на Бијонсе во 2011-та. Подолг период беше сингл, а во 2013-та, на 59-годишна возраст, таа го запозна нејзиниот сегашен сопруг, Ричард.
Гвинет Палтроу
Гвинет го запозна сопругот Бред Фалчук во 2014-та, а се венчаа во 2018-та. Кога ја започнаа врската, актерката имаше 42 години.
Џорџ Клуни
Познатиот актер ја започна врската со Амал во 2014-та. Тие се венчаа после неполна година, кога актерот имаше 52 години.
Ричард Гир
Кога актерот ја запозна сегашната сопруга Алехандра Силва, зад себе веќе имаше два разводи. Кога стапија во брак, познатиот актер имаше 69 години.
Погледнете и Принцот Хари, Хју Џекмен - Славни мажи кои се заљубиле во (многу) постари жени од нив.
Спирова С. | Црнобело