Џеј Ло на 47, Ричард Гир на 69 - Ѕвезди кои докажуваат дека никогаш не е доцна да најдете љубов
- Детали
- недела, 28 јуни 2020
Велат дека љубовта не знае за возраст, а оние кои успеваат да ја пронајдат подоцна во животот го докажуваат тоа.
Обично луѓето се убедени дека најдоцна до 30-тата би требало да ја најдат својата сродна душа, но љубовта не следи никакви правила – има безброј приказни за луѓе кои го нашле вистинскиот партнер во 40-тата, па дури и 50-тата година од животот.
Ако не верувате дека никогаш не е доцна да најдете љубов, следниве славни личности ќе ве убедат во тоа:
Џенифер Лопез
Познатата пејачка е свршена со бејзбол играчот Алекс Родригез, а заедно се од 2017-та година. Кога ја започнаа врската, Џеј Ло имаше 47, а Алекс 41 година.
Салма Хајек
Познатата актерка го запозна нејзиниот сопруг во 2006-та година. Тогаш Салма имаше 40 години.
Камерон Диаз
Камерон и пејачот Бенџамин Маден ја започнаа нивната врска во 2014-та, кога актерката имаше 42 години. Една година подоцна тие стапија во брак.
Крис Џенер
Крис Џенер се раздели од Брус (сега Кејтлин) во 2013-та. Една година подоцна таа почна да се гледа со Кори Гембл. Тогаш, Крис имаше 59 години.
Гвен Стефани
Познатата пејачка ја започна врската со Блејк Шелтон околу 2015-та. Тој период, Гвен имаше 46 години.