Принцот Хари, Хју Џекмен - Славни мажи кои се заљубиле во (многу) постари жени од нив
- Детали
- недела, 19 април 2020
Додека некои сметаат дека годините се само број, другите веруваат дека возраста е важна при наоѓањето партнер.
Сепак, колку и да сме слободоумни, кога ќе слушнеме дека разликата помеѓу партнерите е десетина, па и повеќе години, стануваме љубопитни за нивната врска.
Поради некоја причина, најчесто мажот е постариот во врската, но овие славни мажи успешно заведоа жени многу постари од нив:
Џејсон Момоа и Лиса Бонет
Џејсон и сопругата Лиса се заедно подолго време. Иако разликата помеѓу нив е 12-тина години, нивната љубов е повеќе од очигледна.
Ештон Кучер и Деми Мур
Многу се зборуваше за врската на Ештон и Деми, најмногу поради возрасната разлика од 16 години. Парот денес не е заедно, но нивната возраст немала никаква врска со раскинувањето.
Кори Гембл и Крис Џенер
Во 2015-та, Крис ја започна врската со Кори, а она што ги изненади сите е нивната возрасна разлика. Крис е постара од Кори цели 25 години.
Рајан Гослинг и Ева Мендес
И покрај тоа што никогаш не стапија во брак, тие имаат две деца и изгледаат како еден од најсреќните парови во Холивуд. Ева е седум години постара од Рајан.
Тони Паркер и Ева Лонгорија
Уште една Ева била заведена од помлад маж.
Иако Ева и Тони повеќе не се заедно, нивната врска вреди да се спомне. Тони е осум години помлад од Ева, а некои сметаат дека се разделиле поради ова.