Принцот Хари, Хју Џекмен - Славни мажи кои се заљубиле во (многу) постари жени од нив
Двејн Вејд и Габриел Јунион
Кошаркарот и неговата сопруга се парот на кој му завидуваат сите. Од венчавката во 2014-та, нивната врска станува само посилна. А, тоа што Габриел е речиси 10 години постара од Двејн, не менува ништо.
Гај Ричи и Мадона
Гај Ричи и Мадона беа во брак од 2000 до 2008-ма, и беа еден од најозборуваните парови на почетокот на 2000-тите.
Гај е 10 години помлад од Мадона, а по нивната разделба, пејачката стана позната по врските со многу помлади мажи.
Ник Канон и Мараја Кери
Мараја и Ник повеќе не се заедно, но се во одличен однос, најмногу поради нивните деца. Додека беа заедно, врската им изгледаше доста стабилна и покрај тоа што многу фанови негодуваа поради возрасната разлика од 11 години.
Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес
Знаевте ли дека Хју и Дебора се во брак цели 25 години? Актерот е 13 години помлад од сопругата, а нивниот брак е еден од најстабилните во Холивуд.
Хари и Меган Маркл
Ова е најозборуваниот пар последниве неколку месеци. Меган е постара од Хари, но разликата е само околу 3 години.
Ник Џонас и Пријанка Чопра
Пријанка е цели 10 години постара од Ник. Веднаш по нивната венчавка, Ник изјави дека не ја ни чувствуваат разликата во годините.
Спирова С. | Црнобело