„Ќе те сакаме засекогаш“ - Ванеса Брајант со емотивни објави за Денот на таткото и првиот роденден на Капри
- Детали
- понеделник, 22 јуни 2020
Во саботата, најмладата ќерка на Ванеса и Коби Брајант наполни една година. Ванеса и ќерките го прославија денот без Коби и малата Џиана.
Во неделата, пак, беше Денот на таткото, а Ванеса реши да му оддаде почит на сопругот Коби. Таа сподели слатка семејна фотографија, нарекувајќи го Коби најдобриот татко во светот.
„Среќен Ден на таткото за НАЈДОБРИОТ татко во светот. Премногу ни недостасуваш. Ќе те сакаме засекогаш“, стои во описот на фотографијата.
Ванеса сподели објава и за првиот роденден на Капри - прекрасен портрет од неа, Коби и најмалата ќерка.
„Среќен прв роденден Капри. Те сакаме премногу!“, напишала Ванеса во описот.
Коби и Џиана загинаа на 20-ти јануари годинава, во хеликоптерска несреќа. Кошаркарот имаше 41 година, а малата Џиџи 13. Покрај нив, во несреќата загинаа уште 7 други луѓе.
Ванеса го направи нејзиниот Instagram профил приватен, а минатата недела со 17-годишната Наталија ги блокираа сите фан-страници за Коби и Џиџи. Како што објасни Ванеса, причината е тоа што им било претешко постојано да гледаат објави за Коби и Џиана.
„Јас и Наталија решивме да ги блокираме фан-страниците бидејќи ни беше премногу тешко постојано да гледаме слики од нашите сакани Џиџи и Коби“, сподели Ванеса.
Коби и Ванеса беа во брак 18 години, пред трагичната смрт на кошаркарот.
Погледнете и Коби го поместил летот за 45 минути порано – фатална грешка која за жал ја плати со живот.
Спирова С. | Црнобело