Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Коби го поместил летот за 45 минути порано – фатална грешка која за жал ја плати со живот

Истрагата открива дека Коби го поместил летот со хеликоптерот за 45 минути порано, кога маглата туку што почнала да се спушта и да станува густа, а пилотот мислејќи дека ги искачува облаците - се упатувал кон брдо.

kobi-go-pomestil-letot-za-45-minuti-porano-fatalna-greshka-koja-za-zhal-ja-plati-so-zhivot-01.jpg

Документите од истрагата на несреќата откриваат дека Брајант побарал од својот личен асистент да го презакаже летот од 9.45 часот за во 9 часот, за да може да го гледа претходниот кошаркарски натпревар.

Според истрагата, пилотот на хеликоптерот бил дезориентиран заради маглата, која малку подоцна утрото почнала да се расчистува, па можеби ако летот не бил презакажан за порано, немало да се случи трагичната несреќа.

„Го променив времето на летот претходната вечер, веројатно околу 6 или 7 часот вечерта, бидејќи Брајант одлучи дека сака да го гледа претходниот натпревар. Требаше да полетаат во 9.45 но наместо тоа полетаа во 9 часот.“ – изјавила личната асистентка во истрагата.

Хеликоптерот се сруши нешто пред 10 часот утрото, а на камери од местото на несреќата може да се забележи спуштена магла во тоа време, која речиси го прикрива брдото и видливоста е минимална.

kobi-go-pomestil-letot-za-45-minuti-porano-fatalna-greshka-koja-za-zhal-ja-plati-so-zhivot-02.jpg

Но, 45 минути подоцна, маглата почнала да се крева, брдото станало повидливо и доколку полетале во првично договореното време, можеби би постоела шанса да се избегне трагичната несреќа.

kobi-go-pomestil-letot-za-45-minuti-porano-fatalna-greshka-koja-za-zhal-ja-plati-so-zhivot-03.jpg

Во документите од истрагата исто така се вклучени пораки помеѓу пилотот на хеликоптерот Ара Зобајан и неговите колеги, кои покажуваат дека тој ги игнорирал предупредувањата за лошото време, а утрото сметал дека не е толку лошо и дека времето треба да е во ред.

kobi-go-pomestil-letot-za-45-minuti-porano-fatalna-greshka-koja-za-zhal-ja-plati-so-zhivot-04.jpg

Сепак, заради лошите временски услови утрото, пилотот изгубил ориентација во густата магла и мислејќи дека се качува нагоре и ги пробива облаците, тој всушност се упатувал кон брдото, што доведе до трагична несреќа, во која тој и ќеркичката Џиџи го загубија животот, исто како и пилотот и останатите патници кои летаа со нив.

kobi-go-pomestil-letot-za-45-minuti-porano-fatalna-greshka-koja-za-zhal-ja-plati-so-zhivot-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Емотивен потег: Татко со солзи во очи, откако непознат маж му ја платил сметката за појадок со децат... „Само што се расплакав во јавност, откако непознат човек ја плати сметката за не...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Жена (33) се обидела да се фрли под воз – мажот што ја спасил, денес ѝ е сопруг со кого има 3 деца „Животот станува подобар, само мора да бидете тука за да видите“ – вели оваа жен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg